Изградба на Бул. Христијан Тодоровски – Карпош
Назив на Проект: 
Фаза 1 на изградба на Бул. Христијан Тодоровски – Карпош, во општина Бутел. Новиот дел се гради од булеварот ’Босна и Херцеговина‘ до улицата ’Натанаил Кучевишки‘ во должина од 1.000 метри и ќе претставува сообраќајница со шест ленти, со средишно зеленило и пешачко-велосипедски патеки на двете страни.
Санацијата на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ е дел од поопсежниот зафат за продолжување на оваа сообраќајница во општина Бутел, овозможувајќи им на граѓаните од населбите Радишани и Бутел уште една сообраќајна врска со центарот на градот. 

Инвеститор:
Град Скопје