EOS CONSULTING EE > ЗА НАС
За нас
ЕОС Е.Е. е основана во Скопје, Република Македонија во 2015 година од страна на
EOS Consulting S.p.A.  Рим, Италија, со примарна дејност технички консалтинг и управување со проекти во источниот дел на Европа. До сега, ангажирани сме на голем број значајни објекти во Република Македонија како технички консалтинг. 

 
Нашата матична комапанија и основач ЕОС Consulting S.p.A. Rome-Italy, е основана во Италија пред 40тина години. Од своето основање, беше вклучена во неколку индустрии, кои меѓу поважните во финансии/банкарство, енергетика, надзор на градежништвото, управување со проекти, управување со отпад и обновливи извори на енергија.
ЕOS Consulting S.p.A. Rome-Italy, е вклучена во големи проекти, како што се изградба на автопати и патишта, повеќенаменски згради, спортски комплекси, брани и објекти за хидроенергија, управување со отпад и системи за третман на вода/отпадни води, обновливи извори на енергрија – фотоволтаици итн.
ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје е основана во Скопје, Република Македонија во 2015 година, дејствувајќи како проект-менаџмент и консултантска компанија во областа на градежништвото. До сега, инволвирани сме во повеќе големи проекти во Република Македонија, претежно во градежни работи и надзор на градежни објекти.
ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје, поседува широк спектар на внатрешни експерти ( Градежни Инженери, Машински Инженери, Електро Инеженери и Геотехнички Инженери ), како и надворешни експерти на повик во различни области : сообраќај на патишта, заштита на животна средина, енергетска ефикасност итн.
 
Исто така ангажираме и постојан персонал и хонорарни кадри со беспрекорно и огромно искуство во проектирање, изградба и надзор во градежниот сектор.

На барање и по потреба, ангажираме и надворешна акредитирана лабораторија за тестирање на градежни материјали.

Имаме големо искуство со прокети извршени за домашни и меѓународни инвеститори како што се УНДП, УНОПС, Светска Банка итн.
ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје, поседува широк спектар на внатрешни експерти ( Градежни Инженери, Машински Инженери, Електро Инеженери и Геотехнички Инженери ), како и хонорарни кадри
надворешни експерти на повик во различни области : сообраќај на патишта, заштита на животна средина, енергетска ефикасност итн.
Некои од неодамнешните проекти вклучуваат :
  • Надзор над реконструкција на државни патишта во рамките на Тендер 3 на ЕБОР, согалсно Договор со Јавно Претпијатие на Државни Патишта ;
  • Надзор на инвестициски прокети во Град Скопје ( булевари, улици, мостови, пропусти, канализација, мерки за енергетика ефикасност во уличишта итн. ) според 2-годишен рамковен Договор со Град Скопје ;
  • Надзор на изградба на брани ( Слатино, Речани итн. ) ;
  • Надзор на работите во општините ( Свети Николе, Гази Баба, Гостивар, Илинден итн. ) ;
  • Надзор и управување со проекти на приватни проекти и објекти од национално наследство ( Манастир Трескавец ) ;
Нашата основна дејност е стручно техничкиот надзор во прокетите за нискоградба и сите фази потребни во него. Меѓутоа, ние исто така се истакнуваме во поддршката на области како што се изготвување на физибилити студии, студии за соодветна анализа, управување пред изградба, управување со проекти ( ПМ ), управување со трошоците и мониторинг на проекти за финансиски институции како што се банките итн.

Двете компании соработуваат од првиот ден и се појавуваат на јавни тендери / понуди како Заедничко вложување / Заеднички Настап со комбинирање на беспрекорни ресурси во однос на персоналот, референците, сертификатите, лиценците и стандардите.

Двете комапнии се сертифицирани за ИСО ( 9001,14001 и 45001 ) а ЕОС Consulting S.p.A. Rome-Italy исто така има стандард за акредитација ISO IEC 17020: 2012 и полиса за осигурување на Лојд. Од неодамна ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје е сертифициран со стандардот ISO 37001: 2016 за управување со корупција за делот на стручно-техничкиот надзор.