EOS CONSULTING EE > СЕКТОРИ И УСЛУГИ

УСЛУГИ

ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје, обзбедува на своите клиенти најефикасна контрола, перформанси и успешна завршница на проекти. Професионалната екпертиза на ЕОС Е.Е. ДОО Скопје опфаќа различни дисциплини :
Стручно технички надзор над изградбата :
Надзор над градежните работи на лице место низ сите негови фази. Надзор над изградба се бара со закон и е неопходен за да се осигура дека работата е извршена во согласност со одобрениот проект, спецификации, стандарди и прописи, вклучувајќи контрола на квалитетот, квантитетот и регулативата во врска со здравјето и безбедноста на локацијата како и техничката контрола и координацијата на проектантските тимови/фази според соодветната регулатива и барањата на клиентот.
Управување со проекти :
Сеопфатен сет на вештини на нашиот менаџер на проекти, кои вклучуваат способност за креирање реален план како и пресметка на перформансите со сите основни планови ( опсег, време, цена, квалитет, ризик, планови за подобрување на процесот итн. ) и да ги водат сите процесни групи ( иницирање, планирање, извршување, следење, контрола и затворање ).
Физибилити студии:
Физибилити студиите се прелиминарни истражувања за потенцијалните придобивки поврзани со преземање одредена активност или проект. Главна цел е да се анализира деловниот случај, односно стратешките причини за започнување на проектот и сите фактори поврзани со неговиот развој.
Идеен и основен проект:
Нашиот тим поседува секаков вид лиценци потребни за фазата на проектирање и е подготвен да го следи проектот од првичните скици со комплетна техничка документација неопходна за градежна дозвола и фазата на изградба.
Нашиот пристап е интердисциплинарен и интегриран во согласност со модерните тенденции во планирањето и проектирањето објекти.
Пресметка за количини :
Составен дел од проектниот менаџмент кој обезбедува подобра контрола врз проектот и буџетот. Нудиме управување со сите трошоци поврзани со градежниот проект, од првичните пресметки до конечни бројки, исто така барајќи да се минимизираат трошоците за проектот и да се зголеми неговата вредност, истовремено исполнувајќи ги потребните стандарди и постигнувајќи го саканиот квалитет.
Менаџмент пред изградба :
Дефинирање на процесот на пред-изградба. Следење и/или учество во набавки, тендерски постапки и постапки за склучување Договори.
Управување со трошоци :
Проценка на барањата за ресурси и целокупната цена со акцент на управување со ризик, одредување на непредвидени ситуации и резервно финансирање. Определување на основанта цена и буџетот за трошоци што овозможува оптимизирање на проектот и управување со фазите на изградба според одобрениот буџет.
Мониторинг на проекти за банки :
Следење на фазата на изградба и развој на проектот воедно известување до Банката како дел од финансискиот тек.
Обезбедување и контрола на квалитетот :
Следење и евалуација на работата на лице место. Тоа претставува збир на мерки преземени за да се осигура дека квалитетот на работата ги исполнува барањата на проектот како што се соодветните стандарди и прописи.
Извештаи и анализи :
Различни форми на известување до Клиентот.
Услуги за технички прием :
По завршувањето на активностите потребно е да се нарапви технички прием на работите, со цел да се добие дозвола за употреба.